Во рамки на детската хуманитарна програма организирана од Општина Центар, собрани се 901.768,00 денари за лекување на младиот Леонид Индов.
Општинските градинки и училишта, пред Новата година, организираа низа добротворни базари, проследени со музички точки и претстави, на кои граѓаните имаа можност да донираат за Лео.
Средствата собрани на овие предновогодишни хуманитарни приредби, што се одржаа во Рамстор, веќе се уплатени на сметката за лекување на Лео, кој се здоби со тешки повреди на `рбетот во несреќен случај пред неколку месеци.
,,Хуманоста сите не сплоти. Со помош на нашите млади уметници и настапите на Златните славејчиња, помогнавме Лео да продолжи со лекувањето. Упатувам апел до сите наши сограѓани да се приклучат кон ваквите акции и да помогнат” порачува градоначалникот Герасимовски
Општина Центар се заблагодарува на сите кои беа дел од оваа голема хуманитарна акција,а пред се на децата, наставниците и родителите кои покажа дека со сплотеност и солидарност во срцата може да се помогне таму каде што е најпотребно.