25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсења на повеќе локации низ земјава

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (2 јануари) околу 22.10 часот го лишиле од слобода 26-годишен тетовец . При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.

На 02.01.2024 во 17.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(23) од с.Визбегово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.01.2024 во 20.00 часот на ул.„Пере Тошев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода лицето(39) од Прилеп затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и повеќе таблети. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

На 02.01.2024 во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода 23 – годишна девојка. и малолетник, во присуство на неговиот старател, двајцата од Кочани, затоа што околу 14.00 часот 23 годишна девојка во домот на малолетникот му продала марихуана. Полициските службеници ја одзеле марихуаната и по комплетирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.