По инфлацискиот шок кој државава го доживеа изминатите две години поради светската економска криза, пост ковид кризата и војните кои беснеат низ Светот, во 2024 можеби ни доаѓаат по-оптимистички прогнози.
Во март се очекува зголемување на минималната плата на 22.500 денари, што е повеќе од 10 проценти, а тоа повлекува и обезбеден раст на просечната плата во земјава.
Следниот март и септември се клучни и за пензионерите кои ќе добијат соодветно покачување. Се работи за системски мерки со кои државата ќе мора два пати годишно да ги корегира и пензиите според актуелните финансиски текови, растот на просечната плата и таканатаму.
Во првата од половина на годината остануваат и мерките за помош на пензионерите и загрозените граѓани. Пензионерите следните месеци ќе добиваат помош од 1500 до 3000 денари според пензијата која моментално ја примаат.
Со новите законски решенија се овозможува и компаниите следните 12 месеци да им ги зголемат платите на вработените и до 10.000 денари/месечно без да плаќаат придонесите за разликата меѓу актуелната и новата плата.
Дали можеме да очекуваме подобра година?