12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Велес, приведени две лица

Вчера во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода 30-годишната М.А. и П.Т.(34), двајцата од Велес. При претрес во домот на М.А., каде бил затекнат П.Т., извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со темно кафеава течност, додека при личен преглед кај М.А. била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Следува значителна промена на времето, по сонцето доаѓа дожд и заладување

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.