16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поранешниот директор на Онкологија, Васев, ослободен од обвинение

Ексдиректорот на Клиниката за онкологија, Никола Васев и двајца доктори, се ослободени од обвинението за несовесно работење во службата, откако беше поднесена кривична пријава од семејство на починат пациент во 2018 година.

Обвинетите Никола Васев, Игор Стојковски и Марија Симоновски се ослободуват од обвинението, со оглед дека од изнесените докази во текот на потапката не е докажало делото што им се става на товар, кажа судијката Славица Наумовски.

Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ најави жалба пред второстепениот суд. Таа тврди дека кривичните дела се сторени и тројцата доктори заслужуваат осуда.

Предметот почна во 2021 година, а според обвинението на пациент со малиген меланом три месеци во 2018 година не му била препишувана терапија на Клиниката за Онкологија и починал откако му се влошила здравствената состојба.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК