24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Денот на наставата на турски јазик, 21 Декември, неработен за граѓаните припадници на турската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на РМ, 21 Декември 2023 година, четврток, Ден на наставата на турски јазик, е неработен за граѓаните припадници на турската заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница им го честита Денот на наставата на турски јазик.