Лицето, што се јавило дека е отсечено од снегот во викендичка над с. Радња, во месноста Гатеново на планината Кожув, кое првин одбило помош во понуден оштински офроуд можен превоз со теренски четирицикл (4х4) бидејќи не знаел што да прави со своите две кучиња, вчера е успешно спасено и евакуирано до својот дом во Кавадарци, велат од ЦУК.
Регионалниот ЦУК Кавадарци известува дека екипа од зимската служба за одржување улици и патишта на Општина Кавадарци вчера со трактор со специјализирана опрема – нож за сечење дрвја и едно теренско 4х4 возило организирале и извршиле акција за да го извлечат лицето што беше завеано во мсноста Гетеново, а со себе имале и човек што го познава добро теренот бидејќи се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга. Патот до таму е земјен, а висината на снежната покривка е околу половина метар и имало многу искршени гранки и дрвја од тежината на снегот, што го попречувале планинскиот земјен пат.
„Доцна вечерта, од регионалниот ЦУК Кавадарци се јавија и известија дека се слушнале со човекот и дека тој е дома и во добра состојба. Изразил голема благодарност до Општина Кавадарци и до сите инволвирани во неговата безбедносна евакуација. При ова информирање е неодминливо и важно тоа што информацијата преку медиумите вчера предизвика и хумана реакција во општеството и други поединци и здруженија да се јават да помогнат. Но, беше оценето дека зимската служба за одржување улици и патишта на Општина Кавадарци е доволна за спасувачката евакуација на завеаниот граѓанин на Кожув. Ете, тоа е пример на позитивни моќ и улога на медиумите во општеството кога и преку одвојување време за сервисни информации ја поттикнуваат хуманата страна на луѓето во нашата држава и ја јакнат колективната свест за помагање меѓу себе, секако и со едукативна конотација како тоа се остварува (почнувајќи од јавувањето на европскиот, а сега и на македонски единствен број за итни случаи 112 во ЦУК) и секако дека тоа е пожелно да биде во координација со оние што и професионално го реализираат извлекувањето и спасувањето – со институциите од Системот за управување со кризи (СУК)“, дополнуваат од ЦУК.