28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Битиќи во Гостивар: Со новите мерки обезбедуваме поддршка за 120 илјади млади лица

„Со антикризните мерки обезбедуваме финансиска поддршка за сите граѓани, поддржуваме 120 илјади млади лица, десетици илјади социјално ранливи граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, речиси 540 илјади корисници на апликацијата Мој ДДВ, и 600 илјади домаќинства заедно со над 70.000 компании“, порача вечерва на трибината „Повеќе за сите!“ во Гостивар потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

„Владата предводена од СДСМ обезбеди финансиска поддршка за зголемување на ученичкиот стандард, за основците и средношколците од ранливи категории на семејства со ниски примања, до 50.000 денари. Паралелно со ова, над 105 илјади ученици во основното образование и средношколците во наредните 6 месеци ќе добиваат по 1.200 денари, односно 1.800 денари месечно, за што ќе се издвојат вкупно 14,3 милиони евра. „Повеќе за сите“ е огледало на нашата грижа за сите“, рече Битиќи пред симпатизерите на СДСМ во Гостивар.

Потпретседателот на СДСМ, Битиќи посочи дека 15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање, ќе добијат ваучер за превоз.

Студентите во наредните 7 месеци месечно ќе добиваат ваучери во износ од 600 до 1.200 денари, за што се предвидени 2 милиони евра.

Потпретседателот Битиќи ги увери граѓаните дека СДСМ e на прав пат до двојна победа на изборите, за која повика сите да се вклучат.

„Од сите нас овде во оваа сала, надвор од неа, од сите социјалдемократи, прогресивци, членови, симпатизери, функционери. Одиме на двојна побед“, рече Битиќи на трибината „Повеќе за сите“ во Гостивар.