22.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бубевски за убиството на Вања: Mатеријалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените

Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, изјави дека се испитуваат материјалните докази во врска со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

„Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе се произнесеме, нормално со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое што ви кажав и минатиот пат кога имавме прес-конференција. Се испитуваат материјалните докази и можам само тоа да ви кажам дека материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“, изјави обвинителот.

„Ние ги имаме прибавено материјалните докази, тие се анализираат, се прави целокупна ретроспектива на се што се случувало и сето тоа ќе биде предмет на описот на обвинителен акт“, кажа Бубевски.

Обвинителот додаде дека ОЈО Скопје ги има доставено сите потребни работи за постапката за екстрадицијата на првоосомничениот Љупчо Палевски.