Од утре до четврток времето ќе биде стабилно, освен во вторник во утринските часови кога претежно во западните делови ќе има услови за локален дожд. Д
невната температура ќе биде во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла или ниска облачност. Од четврток попладне до сабота се очекува влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег.
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во петок во текот на денот и во сабота врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места.
Прогноза за 12.12.2023
Минимална температура: -3°C до 2°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Претпладне променливо облачно, во западните делови со услови за локален дожд, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.
Прогноза за 13.12.2023
Минимална температура: -2°C до 3°C
Максимална температура: 8°C до 14°C
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, кој на места ќе засилува.
Прогноза за 14.12.2023
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.