19.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: 1.522 повици на 112, четири пожари на отворено вчера, а вкупно 25 за викендов

Според последниот 24-часовен извештај на Центарот за управување со кризи, од вкупниот број 1.522 повици на Единствениот број за итни случаи 112, „реални“ повици за итни случаи биле 33,84%, а 66,16% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.

Согласно распределбата, согласно природата на настаните, преку ЦУК кон Полиција биле упатени 50,80% од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 37,97%, пожарникарите биле упатени 7,49%. Кон Центарот за управување со кризи имало 3,74% од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 65,53% неитни повици“ (вкупно заедно 1.014) биле предмет на примање, одговорање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.

Иако е почеток на декември, викендов имаше 25 пожари на отворено: во саботата 21 и 4 пожари вчера недела, при што интервенирале за гасење запалена ниска вегетација пожарникарите од Битола, Прилеп, Крушево и од Куманово, извести ЦУК.