22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Доаѓаат температури до 20 степени, а потоа силно заладување со дожд и снег – Метеоцентар со детална прогноза за претстојниот викенд

Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец што ќе услови значително зголемување на дневната температура и забрзано топење на преостанатата снежна покривка. Под влијание на влажен бран во недела ќе има локални врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен и долж Поварадрието ќе засилува. Од понеделник температурата повторно ќе се намали.

Прогноза за 02.12.202
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 19°C

Променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 03.12.2023
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Претпладне ќе дува умерен јужен ветер, кој од пладне ќе се промени во северен и долж Повардарието ќе засилува. Температурата во втората половина од денот нагло ќе се намали.

Прогноза за 04.12.2023
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 11°C

Во западните делови променливо облачно, а во останатите сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.