Синоќа, околу 20.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода малолетник од гостиварско село.
Тој претходно бил пријавен дека со остар предмет го нападнал и повредил својот 46-годишен татко, кој пред тоа се расправал со 40-годишната сопруга, мајка на малолетникот.
Се расчистува и документира случајот, соопшти полицијата.