14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се уште не е пронајдено исчезнатото девојче од Скопје; Работиме интензивно на негово пронаоѓање, соопшти МВР

14-годишната Вања од Скопје се уште не е пронајдена, дури и по 24 часа откако беше пријавено нејзиното исчезнување.

Полицијата трагаше по неа и во текот на ноќта, а беа проверувани и снимките од безбедносните камери.

Министерството за внатешни работи информира дека и денеска се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на 14-годишното девојче В.Ѓ од Скопје.

Вчера во 08.35 часот нејзината мајка З.Ѓ. од Скопје пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната.

Од МВР потенцираат дека за решавање на случајот и пронаоѓање на девојчето веднаш по добиената пријава биле вклучени целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, а извршени се и низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн.

Истрагата како што соопшти МВР продолжи интензивно и во текот на ноќта а продолжува и денеска.

МВР апелира да не се шират дезинформации, а институцијата како што велат од таму постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +