25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од 9 до 12 часот, поради одржување генерална проба во врска со 30. министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година во СРЦ „Борис Трајковски“, кој ќе се одржи од 29.11.2023 во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Имено, за сообраќај ќе бидат затворени следните улици: булеварот Илинден, од крстосницата со булеварот Св. Климент Охридски до крстосница со улицата Љубљанска, и булеварот 8 Септември од крстосницата со улицата Скупи до крстосницата со булеварот Партизански одреди“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.