Иако до новогодишната ноќ не дели нешто повеќе од месец дена, во туристичките агенции во Македонија, веќе има голем интерес за резервации за новогодишни патувања.
Меѓу топ дестинациите кои се нудат од туристичките агенции се Париз, Истанбул, Барселона, Рим, Виена, Прага, Будва, Котор и други.
Според објавените понуди на туристичките агенции, македонците најмногу ги избираат европските градови за дочек на Нова година.
Цените, во зависност од пакетите, односно бројот на ноќевања и изборот на сместувањето, се движат од 500 евра па нагоре за 3-4 ноќевања со вклучена авио карта и сместување.
Цените се поевтини доколку изберете автобуски превоз до некој од европските градови, а доколку наместо во хотел изберете приватно сместување, цената дополнително се намалува.
Доколку патувате на подалечна дестинација, секако цените се движат од 500 евра нагоре, додека за дестинации како Истанбул, Будва, Котор… цените се од 120 евра нагоре.
Некои агенции објавија и попусти во рамки на „Црн петок“, па така доколку се резервира порано следуваат попусти од 10-20 проценти.
За оние со подлабок џеб, се нудат и луксузни и далечни патувања за Нова година, кои чинат повеќе од 1.000 евра по лице.