23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Драстичен пад на температурите, ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД И СНЕГ: Метеоцентар со детална прогноза за викендот и деновите што следат!

Утре ќе има значителна промена на времето со врнежи, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 70 км/час), а температурите ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.

Прогноза за 26.11.2023
Минимална температура: -6°C до 3°C
Максимална температура: -2°C до 7°C

Претпладне наместа ќе провејува слаб снег, а во текот на денот сончево и студено со мала облачност. Ќе дува умерен, претпладне долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 27.11.2023
Минимална температура: -13°C до -4°C
Максимална температура: -2°C до 8°C

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено, особено наутро. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Прогноза за 28.11.2023
Минимална температура: -7°C до 2°C
Максимална температура: 1°C до 7°C

Облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.