Владата донесе одлука за давање согласност за продолжување на европскиот АТМ-доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија за 2024 година и за понатамошното учество на Република Северна Македонија во овој фонд, на предлог на Министерството за транспорт и врски.
Република Северна Македонија, според оваа одлука, ќе продолжи да учествува во европскиот АТМ-доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија за обезбедување средства за трошоци за одржливо функционирање на нивните даватели на услуги на навигација за 2024 година во согласност со PC/23/60/2 на „Еуроконтрол“.
Европскиот АТМ-доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија е воспоставен во согласност со директивата на постојаната комисија на „Еуроконтрол“ бр. 22/111 од 24 ноември 2022 година за чие формирање Владата на Република Северна Македонија има дадено согласност со одлуката за давање согласност за доделување нова задача на „Еуроконтрол“ за формирање доброволни солидарни фондови за поддршка на една или повеќе земји членки во кризни ситуации во воздушниот сообраќај, како и формирање на европскиот АТМ-доброволен солидарен фонд и доброволниот привремен солидарен фонд на „Еуроконтрол“ и за учество на Република Северна Македонија во овие фондови.