Нови лица од Македонија завршија на црната листа на американското министерство за финансии од Западен Балкан. Меѓу нив и мајката на бизнисменот Орце Камчев, којшто беше ставен на оваа листа на 19 јули. Останатите двајца серускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина, како и Ратка Камчева, мајката на бизнисменот Орце Камчев, кој беше ставен на оваа листа на 19 јули годинава.
Во соопштението на американската Министерство за финансии се вели дека Самсоненко има двојно државјанство, на Русија и Македонија. Тој, сопругата и Камчева се означени од САД поради тоа што материјално му помагале, го спонзорирале или му обезбедувале финансиска, материјална или технолошка поддршка на Орце Камчев.
На црната листа на САД, поради корупција, се уште Сашо Мијалков, Никола Груевски и Рамиз Мерко.
Како резултат на означувањето, целиот имот и интереси на овие лица во САД или во сопственост или контрола на лица од САД се блокирани. Забранети се сите трансакции на лица од САД со овие лица или нивни имот и интереси.
„Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат подобро“, се наведува во соопштението на САД.