Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Времето се менува – синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

Во следните два дена ќе се задржи релативно топло време со појава на утринска магла во одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има во попладневните и вечерните часови во среда и во петок и на почетокот на викендот кога ќе дува и засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Прогноза за 15.11.2023
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 21°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а попладне долж Повардарието од северозападен правец.

Прогноза за 16.11.2023
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Прогноза за 17.11.2023
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК