25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска на состанок со директорите на националните установи од културата: по три години, успешно е решено и прашањето за платите

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска одржа работен состанок со директорите на институциите што се под надлежност на Министерството за култура. На состанокот беа отворени повеќе важни прашања поврзани со тековните активности на институциите за проектите што планираат да ги реализираат до крајот на годината.

Костадиновска-Стојчевска рече дека очекува повеќе проекти и посодржајни програми за идната година за кои ќе продолжи поддршката од страна на Министерството за култура со цел подобрување на видливоста и динамиката на работата на институциите од областа на културата.

Директорите на институциите од областа на културата се осврнаа на досегашната реализација на проектите, но ги посочија и тековните предизвици со кои се соочуваат при работењето. Во таа насока, од страна на министерката за култура беше укажано дека заедно ќе работат за надминување на проблемите, за зајакнување на капацитетите и за подобрување на целокупниот делокруг на работа.

Минстерката на крајот од средбата рече дека Владата го препознава и го вреднува придонесот на нашите вработени за културен напредок, како и за заштита и промоција на културното богатство. Таа потенцира дека по три години, успешно е решено и прашањето за платите на директорите во културата, кои не се зголемуваа наспроти покачувањето на платите на вработените во секторот во согласност со колективниот договор за култура.

Од октомвриската плата директорите во институциите од културата ќе земаат поголеми плати од 40 до 50 отсто, потег што беше поздравен од Синдикатот на културата.

Министерството за култура обезбеди над 37,6 милиони денари за исплата на годишен регрес за годишен одмор за 2023 (К15) на вработените во националните и локалните установи од областа на културата. Во текот само на оваа година околу 3.400 културни работници двапати добија покачување на платите првпат К15 во паричен надоместок.