23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Цената на нафтата расте, а вредноста на златото паѓа

Европските берзански индекси бележат претежно пад на почетокот на неделата.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 10:00 часот падна на 15.175,05 поени, исто како и лондонски FTSE 100 на 7.416,42 поени, а францускиот CAC 40 на 7.037,42 поени.

Московскиот MOEX се искачи на 3.219,14 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 34.061,32 поени пред денешното отворање на берзата во САД, како и вредноста на индексот S&P 500 на 4.358,34 поени и индексот Nasdaq на 13.478,28 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта порасна на 81.550 долари за барел, како и цената на нафтата од типот „брент“ на 85.875 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа денеска на отворањето на берзата ТТФ по цена од 47.340 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 1.986,81 долари за унца, а на пченицата на 5,7179 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07496, што е приближно исто како и во петокот.