Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР: Приведен измамник во Скопје, следува соодветна пријава

Вчера околу 09.30 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Х.З.(45) од с.Крушопек, скопско. Тој се сомничи дека одзел лична карта на лице од скопско село и во филијала на финансиско друштво на подрачје на Бутел се обидел да земе кредит, претставувајќи се дека е лицето, но од вработените бил забележан дека лажно се претставува, соопшти МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ЦИВИЛ: Либерализацијата на продажбата на муниција за цивилни поседувачи на оружје – опасна за безбедноста и за меѓународната положба на Северна Македонија

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА – Синоптичарите со четиридневна прогноза

ДЕСК

Таблетарната онколошка терапија од 4 август ќе може да се подигнува директно во аптеките

C +