24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Одложување поради повеќе причини: Бугарија не го воведува еврото во 2025 година

Бугарската влада објави дека го одложува целниот датум за воведување на еврото до 2025 година.

Иако претходно беше најавено дека Бугарија би можела да го воведе еврото на почетокот на 2024 година, владата соопшти дека сè уште не е направено многу за да се создадат правни предуслови за овој акт.

– Неколку експерти се сомневаа во одржливоста на целниот датум за влез на Бугарија во еврозоната поради високата инфлација. Според податоците на Националниот институт за статистика, годишната инфлација во Бугарија во 2022 година изнесувала 15,3 отсто – пишуваат бугарските медиуми.

Еден од критериумите за влез во еврозоната се однесува на стабилноста на цените. Во Бугарија инфлацијата во септември изнесуваше 6,4 отсто, додека податоците од претходниот месец покажуваат инфлација од 7,5 отсто.