25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонските државјани во Газа на списоците за евакуација, набргу треба да се реализира, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи ја поздравува одлуката за отворање на граничниот премин Рафа, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Република Северна Македонија.

„Како што претходно информиравме, нашите државјани што се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и тоа очекуваме набргу да се реализира во согласност со околностите на терен и динамиката на евакуација имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа, кои се дел од оваа операција“, велат од МНР.

Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел, како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучено со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани.