25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Царината заплени тутун ризичен за здравјето на граѓаните

Царинската управа запленети 235,5 килограми ражен тутун за кој е избегнато плаќање акциза во износ од над половина милион денари и е ризичен за здравјето на граѓаните.

Заплената е во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа, Единицата за економски криминал при Одделот за крим-полиција при Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, спроведена во текот на вчерашниот ден на пазарите во Скопје и Тетово.

Во акцијата e запленет и пиротехнички материјал, односно 2.000 петарди и 27 кутии огномет.

Акциите се дел од заедничките активности на институциите што се спроведуваат со цел спречување пуштање стока во промет за која не се платени акцизни давачки, како и пуштање во промет забранета стока, која е ризична за здравјето на граѓаните.

Стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа до надлежните институции ќе бидат поднесени соодветни пријави.