25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Општина Аеродром: Деструктивната СДСМ зад себе остави повеќе проекти, отколку реализирани проекти за Аеродром

Соопштение на Општина Аеродром:

Доколку енергијата која СДСМ ја троши за прес-конференции полни со лаги и дезинформации ја потрошеа за реализација на проекти и инвестиции за граѓаните, денес немаше да биде политичката партија со најнизок рејтинг помеѓу граѓаните во Македонија. Четири години власт без никакви резултати и двегодишна работа како безгласна опозиција во советот на Општина Аеродром, беа доволни за СДСМ конечно да го покаже своето вистинско лице пред граѓаните и да покаже дека е политичка партија која ја интересираат само личните интереси, фамилијарните бизниси и тендер зделките.

Смешно е за проекти и развој да говори политичката партија која 4 години не реализираше ниту еден капитален проект за Аеродром, а воедно претставува пример за корумпирано и криминално владеење кое донесе сиромаштија и економска криза во државата.

Наместо да држат прес-конференции полни со дезинформации, СДСМ треба да даде одговор за тоа зошто нивната влада свесно го кочи почетокот на изградба на две детски градинки, доградба и надградба на две основни училишта, како и изградбата на новиот плоштад зад ТЦ „Капитол“. Ќе беше зачудувачки доколку СДСМ, наместо да ја лаже јавноста, дадеше одговор зошто ги намали дотациите за основното образование, а министерката за труд и социјална политика од редовите на таа партија одговореше зошто владата не презема ништо за решавање на проблемот со капацитетите во детските градинки во Аеродром.

Граѓаните на Општина Аеродром се свесни и знаат дека доколку има политички субјект на кој му пречат новите проекти во Аеродром, тоа дефинитивно е СДСМ и доколку постојат политичари кои направиле се за да стагнира развојот на општината, тоа дефинитивно се премиерот, министрите и пратениците од најдеструктивната политичката партија во историјата на Македонија.

На крајот дозволете да напоменеме дека и покрај сите опструкции од централна власт, општината две години континуирано и активно работи на реализација на нови проекти и инвестиции. Аеродром и во услови на економска криза предизвикана од неспособноста на централната власт, се менува, раззеленува и разубавува. Граѓаните од секоја населба добиваат нови улици, сообраќајници, паркови и игралишта, а дечињата учат во нови и модерни училишта. Опструкциите и пречките го покажуваат вистинското лице и деструктивниот карактер на оваа политичка партија, но нема да дозволиме тие да го спречат понатамошниот развој на општината и реализацијата на проекти од интерес за граѓаните.