25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Казнети 481 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 481 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 21 мерка за користење мобилен телефон при возење, 24 санкции за некористење сигурносен појас, 22 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.