На 24.10.2023 во периодот од 05:50 часот до 13:30 часот на подрачјето на Битола криминалистичката полиција на СВР Битола изврши 11 претреси на домови и други простории заради сомнение за сторено кривично дело по чл. 215 и чл.396 од КЗ, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка, прашкаста материја, предмети со траги од прашкаста материја, два пиштола, пет куршуми и над 20.000 евра, соопшти МВР
При тоа, лишени се од слобода 11 лица, сите од Битола. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти полицијата.