15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Случајот со Онкологија мора да заврши со сносење конкретна одговорност

„Сигурен сум дека случајот со Онкологија мора да заврши со сносење одговорност, таа да биде конкретизирана, да има име и презиме и да не ги ставаме на тапет сите вработени во здравствениот систем“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Трилинг“ на ТВ24.

Тој додаде дека мора да одговара тој што треба да одговора и не смее да се остава постапката без завршница.

„Одговорноста треба да се утврди врз основа на доказите и таа да биде конкретизирана. Не смее да нема завршница во ниту еден случај“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека овој случај е дополнително важен бидејќи се работи за довербата во здравствениот систем и за здравјето и животите на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +