Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски ги посети полициските службеници на делницата Велес – Градско

„Во рамки на посетата на СВР Велес ги посетив полициските службеници на делницата Велес – Градско кои вршат контрола на сообраќајот на патиштата. Притоа преземаат мерки во врска со Оперативната акција ,,Рефлекс” со која покрај останатото се врши контрола на возила и возачи сомнителни за криумчарење мигранти.

Во оваа прилика им оддадов признание за досегашната успешно спроведена оперативна акција, со насока и во наредниот период да се продолжат со уште позасилено темпо, со цел спречување на криумчарењето мигранти на територијата на СВР Велес“, напиша на социјалните мрежи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.