Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во сообраќајна несреќа во Скопје тешко повреден возач на тротинет

Вчера, во 8 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот Партизански одреди и улицата Никола Парапунов се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот В. Н. од Скопје, и електичен тротинет, управуван од 40-годишниот Д. К. од Скопје, извести МВР.

„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на тротинетот, констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Платила во туристичка агенција за патување 2.000 евра во кеш – ниту видела патување, ниту парите

ДЕСК

Тепачка меѓу градежни работници во центарот на Скопје

ДЕСК

УЖАС ВО СКОПЈЕ: Прегазил малолетничка од Скопје и побегнал од местото на настанот

ДЕСК