24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ од Охрид: Оваа 2023 година ќе биде рекордна по приохдите од туризмот, ќе ги оствариме проектираните 520 милиони долари

„Туристичкиот промет покажа раст и во вториот квартал за 2023 година – и тоа раст од 28% споредбено со истиот период минатата година. Двата квартали во 2023 се со раст од 24% споредбено со претходната година, со остварен приход од 229 милиони долари од туристичкиот промет. Овие бројки со сигурност најавуваат дека 2023 година ќе биде рекордна по приходите од туризмот со остварување на проектираните 520 милиони долари“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на трибината „Ние сме Европа“ во Охрид.

Тој додаде дека ова е највиско остварување на девизни приливи од туризмот по 2019 година, односон од пред пандемијата на КОВИД-19.

„Пандемијата со ковид-19 помина и туристичките номади се вратија на своите омилени дестинации и освојуваат нови. Деновиве сведочиме нови регионални извештаи според кои избиваме на врвот како најповолна дестинација за дигиталните и туристички номади“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека турзмот е економска гранка која Владата ја става високо меѓу приоритетите за да ја направиме да биде мотор и стабилен фактор за зголемување на бројот на нови зелени работни места.