Дојде првиот снег во Македонија. Титов врв и Кораб кои утрово забелеа во сиот свој сјај.
Во меѓувреме снег во регионот падна во Хрватска и Словенија, а забелеа и Алпите.
Денес времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на места пообилни особено во западните делови и јужните делови.(над 20 l/m2). Од утре ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Во петок и сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на температурата. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд.