18.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Напад во француско училиште, убиен професор

Во средно училиште во Арас, Франција, денеска, околу 11 часот се случил напад со нож. Професор бил убиен, а неколку луѓе се повредени.

Како што јави француската телевизија МФМТВ, осомничениот викал „Алах акбар“. Напаѓачот е уапсен, а веста за апсењето ја потврди и министерот за внатрешни работи, Џералд Дарманин.

„Полицијата интервенира во средното училиште во Арас. Напаѓачот е уапсен“, објави тој.