14. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Доларот стагнира, цената на нафтата паѓа

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,67 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,66 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 148,85 на 149,10 јени.

Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0620 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0605 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа втор ден по ред, откако најголемиот светски производител Саудиска Арабија изјави дека ќе помогне да се стабилизира пазарот доколку дојде до прекин на снабдувањето од Блискиот Исток.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово падна за 0,27 отсто, на 85,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,38 отсто, на 83,20 долари.

Цените на акциите пораснаа на азиските пазари во четвртокот, како и на Волстрит претходниот ден, бидејќи инвеститорите се надеваа дека американската централна банка нема дополнително да ги зголеми каматните стапки.

Извештајот „сугерира дека сè уште не е на повидок крајот на зголемената инфлација и каматните стапки. Инвеститорите ќе мора да бидат трпеливи. Значително намалување на инфлацијата во споредба со минатогодишниот врв е еден предизвик, а намалувањето на инфлацијата до целното ниво на ФЕД од 2 отсто е друг“, вели Мајк Ловенгарт, директор во глобалната инвестициска канцеларија на Морган Стенли.