25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Нашата современа битка денес е да ги донесеме европските и светски вредносни стандарди – дома

„Нашата современа битка денес е да ги донесеме европските и светски вредносни стандарди – дома, што ги очекуваат македонските граѓани, а посебно младите генерации. Затоа што тие ќе осигураат животен стандард и семејни буџети на европско ниво; продуктивно образование, модерно здравство, функционално владееѓњето на правото, конкурентност на пазарот на трудот. Ќе поттикнат мотивација. Ќе донесат спокој и среќа, истакна премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање по повод празникот 11 Октомври – Ден на востанието; 11 Октомври на Плато Спомен Костурница во Куманово.
Тој потсети дека овој достоиствен пркос кон предизвиците, да се гледа и чекори напред и да се мисли на иднината и на следните генерации и кога е најтешко е опеан и во партизанските песни.

„Сиот прогрес што е направен до денес е одраз на нашиот непокор и слободата на избор. И сме пред најсеризната и неповторлива шанса за рамноправно членство и во ЕУ, во динамичен процес до 2030-та година. Македонската држава да стане европска држава! Македонските граѓани да бидат европски граѓани, со достоинствен, европски квалитет на живот. Каков што заслужуваме, потенцираше Ковачевски.

„И правецот е повторно тој и денес во остварувањето на стратешките национални и државни цели! Да останеме цврсти, и обединети да се соочиме со актуелните предизвици, чекорејки напред. Затоа што, назад никогаш и не било опција. Ни за партизаните, ни за илинденците, ниту кога се носени важните политички одлуки при изградбата на државата и во нејзиното меѓународно етаблирање, по независноста. Назад не е ни наша опција“, потенцираше Ковачевски.

Тој заклучи дека денес, кога имаме своја македонска држава, потврдена и признаена во Европа и светот, во којашто говориме на својот мајчин македонски јазик, потврден и признаен во Европа и во светот – нашата современа битка е да не дозволиме ничии лични, партиски или други агенди, нечии туѓи цели, да ни го попречат европскиот пат.