Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Да ја внесеме државата во ЕУ, едни до други и едни со други, да останеме обединети по патот напред

11-ти Oктомври бил, е и ќе биде секогаш на светлите страници на македонската историја, вели премиерот Димитар Ковачевски, честитајќи го Денот на народното востание.

„Благодарение на успехот во НОБ, постои денешна, современа и независна, демократска, евроатлантска Република Северна Македонија. Затоа 11-ти октомври 1941-та година, кога започнува македонското народноослободително антифашистичко востание, бил, е и ќе биде секогаш на светлите страници на македонската историја.

Македонските борци, со непокорот уште од 1903 година и успехот во Народноослободителната борба во 1944 година, го трасираат патот до слободата и државноста, но и на македонскиот напредок“, истакнува тој.

„Исто како партизаните, едни до други и едни со други, да останеме цврсти и обединети по патот напред. Да ја внесеме државата во ЕУ и да ги донесеме европските стандарди во родната земја. Да одговориме на аманетот и нашата света должност – денес ние, да создадеме иднина за следните генерации!“, порача Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК

Обвинителството со детали за трагедијата во која загина познатиот директор од Скопје – возачот на пасатот не се приддржувал кон прописите

ДЕСК

ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, НО И ПОЈАВА НА МАГЛА – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК