15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Анкета: Никола Груевски со повисок рејтинг од Христијан Мицкоски

Неделникот „Фокус“ ​​во понеделникот ќе го објави најновото истражување на јавното мислење на повеќе актуелни теми. Во оваа анкета е добиено мислењето на граѓаните во врска со како внатрешен судир во ВМРО-ДПМНЕ влијае на мислењето на граѓаните, кој е нивниот став за економските мерки на Владата, колкава е поддршката за ЕУ и за уставните измени. Поточно фокусот на анкетата беше ставен на политичките односи, односот на граѓаните во однос на рокот за одржување на изборите, но и оценката за мерките и економските политики на Владата. Она што е интересно во ова мерење на јавното мислење, кое го привлекува вниманието на граѓаните и секако и на експертите, е како судирот меѓу Мицкоски и Груевски влијае на оценката на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Анкетата покажува дека според перцепцијата на граѓаните во овој момент, големите поделби во ВМРО-ДПМНЕ ја ослабнале оваа партија и како резултат на тоа нејзиниот рејтинг постојано паѓа.

После анкетата на ИРИ, ова е второ истражување кое покажува повисок рејтинг на Никола Груевски во однос на Христијан Мицкоски, но и во однос на Ковачевски. Иако Груевски има мала предност од 0,6%, од аспект на политичка анализа е вредно за одбележување.

Дали ова ќе стане тренд или е само краткорочна рефлексија на незадоволството на граѓаните генерално од сите политичари останува да видиме.

Неделникот „Фокус“ веќе го анализираше конфликтот Мицкоски – Груевски како дел од низата пресметки во ВМРО-ДПМНЕ. Ако се погледне наназад, скоро и да нема ниту еден лидер на ВМРО што не влегол во сериозен судир со своите претходници или наследници.