Блок 3 на РЕК „Битола“ е вратен во функција во 10.24 часот и испорачува електрична енергија во електроенергетскиот систем, објави РЕК „Битола“.
Стручни екипи од комбинатот ги прават неопходните подготовки за почеток на операциите за враќање на мрежа и на Блок 1.
Се очекува вечерва и оваа постројка да биде ставена во функција.
Двата блока на РЕК „Битола“ утрово испаднаа од мрежа поради проблем предизвикан во трафостаницата на АД МЕПСО, која се наоѓа во непосредна близина на комбинатот.
Потребите на потрошувачите за електрична енергија во моментот се задоволуваат од домашните капацитети на АД ЕСМ.