15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

78 санкции за сообраќајни прекршоци на територијата на Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола санкционирани се 78 возачи, меѓу кои 20 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 8 мерки за возење без возачка дозвола, 2 возачи за управување под дејство на алкохол, 12 санкции за непрописно паркирање.

Изречена е една санкција за користење мобилен телефон при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК