9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тетовец ги изгубил парите, а во полиција лажно пријавил дека бил нападнат и ограбен

Синоќа во 20 часот и 30 минути во СВР Тетово бил повикан С.К.(21) од Тетово, кој еден час пред тоа пријавил дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово околу 13 часот бил физички нападнат од три лица и повреден со остар предмет, при што му биле одземени и пари.

По преземени мерки и активности набргу било утврдено дека тој лажно пријавил, измислувајќи го случајот, откако на друго место ги изгубил парите.

Според полицијата, по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

ДЕСК

Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош

ДЕСК

ГАЛЕРИЈА: Еве колку народ се насобра на трибината на СДСМ и коалицијата во Прилеп

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.