16.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Превентивни активности на полицијата за заштита од имотни деликти, пожари, како и за побезбеден сообраќај

Во текот на вчерашниот ден, на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Штип и Велес, полициски службеници од овие организациони единици при МВР реализираа низа превентивни активности од областите на заштитата на шумите од пожари, имотните деликти и безбедноста во сообраќајот, извести МВР.

– Така, на подрачјето на СВР Битола, односно во Прилеп, Ресен, Крушево и Кривогаштани, беа спроведени превентивни активности од областа на имотните деликти, а во врска со кампањата тематски насловена „Полицијата и граѓаните заедно“, под мотото „Безбедна заедница, мирна заедница“, соопшти МВР.

„И на подрачјето на СВР Штип, поточно на повеќе локации во Штип полициски службеници реализираа средби и разговори со граѓани на тема „Безбедноста на граѓаните-наша обврска”. Отсекот за превенција при СВР Велес, пак, на магистралниот пат Градско-Прилеп своите активности ги насочи кон сообраќајната безбедност преку разговори и укажувања на граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи по однос на задолжителното користење на сигурносните појаси и прилагодувањето на брзината на движење“, се додава во соопштението на МВР.