Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски да одговори дали се плаши од тоа ќе го покаже истрагата на Онкологија

„Христијан Мицкоски да одговори пред јавноста дали се плаши што ќе покаже истрагата за случајот на Онкологија за сè што се правело со години“, велат од СДСМ.

„Грозоморната шема била воспоставена пред многу години и сега е време секој што се згрешил да се соочи со одговорноста и да биде изнесен пред лицето на правдата.

Очигледно поврзувањето на Мицкоски на истрагата со ново барање за избори е само за да не се реши овој случај, кој се отвора првпат по 20 години.

Мицкоски, наместо да ја поздрави акцијата на надлежните институции за расчистување криминал на Клиниката за Онкологија, се обидува да го политизира случајот злоупотребувајќи ги болните“, соопшти СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, соопшти СДСМ

ДЕСК

Лишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп

ДЕСК

Шестмина воделе четири телиња преку граница – Откако полицијата ги забележала тие побегнале, а телињата останале на македонска територија

ДЕСК