Утре во текот на денот ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Под влијание на влажен бран во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.) што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет до осум степени.
Од вторник ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб дожд.
Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец.
Прогноза за 04.09.2023
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 190°C до 28°C
Претежно облачно и значително свежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. УВ=5
Прогноза за 05.09.2023
Минимална температура: 10°C до 17°C
Максимална температура: 23°C до 31°C
Променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. УВ=6
Прогноза за 06.09.2023
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 25°C до 32°C
Сончево со умерена облачност. На места повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=7