25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Во 2030 година Македонија ќе биде првата членка на ЕУ од Западен Балкан

„Патот до ЕУ нема да е лесен, но кога се има голема цел, тогаш нема ништо тешко. Знам дека во 2030 година Македонија ќе биде првата земја членка на ЕУ од Западен Балкан“ рече премиерот Димитар Ковачевски на трибината „Ние сме Европа“ во Скопје.

Тој додаде дека не смееме да ги пропуштиме историските шанси бидејќи не постои друга реална перспектива или алтернатива која на нашата држава може да ѝ обезбеди долгорочно темели за раст.

„Сега е вистинското време за продолжување на преговорите со ЕУ. Сите треба да имаме одговорност да направиме сѐ за земјата да оди напред, а не да бидеме изолирани и затворени и да немаме план за иднината на нашата земја. Можностите треба да се искористат, бидејќи ова што денес го имаме, утре може нема да биде опција“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека лесно е со лажен патриотизам да се собираат политички поени, но државата 11 години назадуваше, платите беа пониски, а назадуваше и демократијата.

„Граѓаните сами се изборија тоа да не го гледаме, граѓаните сакаат да одат напред“ рече Ковачевски.