23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Телефонски разговор Османи – Лавров, разменија мислења за најактуелни прашања поврзани со функционирањето на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.

Во разговорот министерот Османи се осврна на предизвиците во регионот на ОБСЕ и ја повтори приврзаноста на претседавањето на Северна Македонија кон почитување на темелните принципи и заложби на ОБСЕ. Во тој контекст уште еднаш ја потенцира неопходноста од прекин на агресијата, повлекување на руските воени сили од Украина и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Во продолжение министрите Османи и Лавров разменија мислења за најактуелните прашања поврзани со функционирањето на ОБСЕ.