Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Косовец украл пари од џамија и цел месец се шетал слободно низ Скопје

Жител на Косово украл пари од џамија во Скопје.

Полицијата соопшти дека синоќа во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсиле Н.Р.(37) од Косово, поради основано сомнение дека на 29 јули годинава околу 10.00 часот од џамија на Бит Пазар со употреба на сила одзел пари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Ова не е првпат да се краде од верски објект.

Пред неколку години имаше пријавени кражби на пари од џамии во Тетово, Врапчиште, Батинци.

Често на мета на крадци се и црквите во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Почна протестот за поддршка на поранешните водачи на УЧК во Скопје – градот под сообраќајна блокада

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: Маж загина додека работел со машина на работно место

ДЕСК

Тешка сообраќајна незгода во населбата Илинден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.