23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
dozd
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

До понеделник пекол, потоа НЕВРЕМЕ: Драстична промена на времето и заладување, метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

До понеделник ќе се задржи многу топло и насекаде ќе биде активно жолтото ниво за опасност од висока температура. Во понеделник кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а преку ноќта и во вторник ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени.

Прогноза за 28.08.2023
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 37°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој краткотрајно Повардарието ќе засилува. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а преку ноќта ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. UV=8

Прогноза за 29.08.2023
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 28°C до 34°C

Променливо облачно, од претпладне нестабилно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи, на места во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. UV=6

Прогноза за 30.08.2023
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 34°C

Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. UV=7