27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Меџити дециден, лековите повеќе нема да доцнат

Фатмир Меџити, министерот за здравство денеска беше во посетата на Поликлиниката Јане Сандански во Скопје, каде разговараше со дел од матичните лекари и пациенти во врска со предностите од новата реформска мерка во Примарната здравствена заштита. Во рамки на посетата Министерот беше пресретнат од пациентка со голема здравствена историја која го праша зошто доцнат лентите за дијабетичари.

Министерот Меџити се извини за доцнењето и ја увери дека, додека тој е министер нема да дозволи доцнење на лекови.
„Можам да ви кажам дека добро изгледате, добро се држите. Ќе има ленти. Навистина како министер се извинувам за тоа што доцнеа. Едно ве уверувам, јас како Фатмир Меџити, додека сум министер, нема да има доцнење на лековите“, рече министерот Меџити.

Инаку Меџити го посети интерниот оддел на Поликлиниката во Аеродром и оттаму истакна дека само еден ден по реформската мерка издадени се 1000 рецепти за хронична терапија. Со новата реформска мерка која министерот Меџити ја објави вчера пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија, повеќе не мора да одат на Клиника за да им се продолжи или да им се препише хронична терапија, туку тоа може да го направат кај својот долгогодишен матичен лекар.